Анџелина Џоли ја краси насловната страница на списанието „Тајм Франс“, а ова е прв пат јавно да ги покаже лузните од двојната мастектомија во 2013 година. Таа имала превентивна операција на градите поради високиот ризик од рак на дојка, истиот рак од кој почина нејзината мајка.

Таа позираше за насловната страница на списанието во целосно црн фустан, а својот стил го комплетираше со едвај забележлива шминка и лабава фризура.

„Ги делам овие лузни со многу жени што ги сакам“, изјави таа за списанието. „И секогаш ме трогнува кога гледам други жени како ги споделуваат своите“.

Таа додаде: „Сакав да им се придружам, знаејќи дека „Тајм Франс“ ќе споделува информации за здравјето на дојките, превенцијата и свеста за ракот на дојка“.

За потсетување, мајката на Анџелина Џоли, актерката Маршелин Бертран, почина во 2007 година на 56-годишна возраст. Во нејзината колумна за „Њујорк тајмс“ од 2013 година, „Мојот медицински избор“, Џоли откри дека носи „погрешен ген“, BRCA1, кој значително го зголемува нејзиниот ризик од развој на рак на дојка.

„Сакав да го напишам ова за да им кажам на другите жени дека одлуката за мастектомија не беше лесна“, напиша таа во тоа време. „Но, тоа е одлука за која сум многу среќна.

Моите шанси за развој на рак на дојка се намалија од 87 проценти на помалку од 5 проценти. Можам да им кажам на моите деца дека не мора да се плашат дека ќе ме изгубат од рак на дојка.“ Две години подоцна, во март 2015 година, на Џоли ѝ беа отстранети и јајниците и јајцеводите како превентивна мерка.

Текстот (Фото) Анџелина Џоли за прв пат ги покажа лузните од мастектомијата е превземен од МАКФАКС.