Припадниците на 15.инженериски баталјон на Армијата на САД пристигнаа на Криволак и почнуваат со инженерците од македонската Армија да работат на подготовка на полигонот за вежбата Одлучен удар 21.
Тука се и нашите идни подофицери кои го завршуваат курсот овој месец и влегуваат во првата генерација од 120 подофицери кои Армијата ги добива по 11 години.