Припадниците на 15. инженериски баталјон на Армијата на САД се на Криволак. Се подготвуваат за вежбата со македонската армија „Одлучен удар 21“.
Подигнат е КОВИД 19 центар, се разбира кој ќе се користи во случај да се појават заразени војници со коронавирус.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека организацијата е на највисоко ниво, но се надева дека ковид центарот нема да има потреба да биде користен.
-Ништо нема да оставиме на случајот. Припадниците на американската Армија следните два и пол месеци, до крајот на вежбата ќе престојуваат во кампот Стрела на Криволак. Организацијата е на највисоко ниво, напиша Шекеринска на социјалните мрежи.