Во албанското пристаниште Драч пристигна голема американска воена опрема и технологија во рамки на вежбата на НАТО „Дефендер –Јуроп 21“. Според официјалните лица, ова е најголемата воена концентрација уште од Втората светска војна.

Поточно, има околу 700 возила и друга воена опрема од 53-та бригада во Флорида, кои беа растоварени во Драч во изминатите денови, пренесува Ора њуз.

Во воените маневри ќе бидат вклучени 28.000 американски, сојузнички и партнерски сили од 27 нации за спроведување на истовремени операции во повеќе од 30 области за обука во 12 балтички и африкански земји на Црното Море и од Балканот.

Со вежбата, која почнува на 4 мај и ќе трае до 9 јуни, ќе раководи американската војска, а ќе учествуваат членки и партнери на НАТО, меѓу кои и од Северна Македонија, Босна и Херцеговна, Хрватска, Турција, Косово.