Иако некогаш важеше за вистинска заводничка, денес нема ниту трага од таа убавина…

Легендарната Кетлин Тарнер, која денес има 66 години откри дека нејзината убавина ја уништила болест, поточно ревматоидниот артритис, но и алкохолот.

Холивудската ѕвезда биле отечена од лековите и операциите, но и од големите количини на алкохол кои ги консумирала за да ја намали болката, а со тоа нејзиниот физички изглед целосно се променил. Таа со болеста започнала да се бори пред повеќе од две децении, а тогаш сите ја нарекуваа алкохоличар не знаејќи ја здравствената позадина.

„Бев надуена како балон од лековите. Беше прилично гадно“, објасни таа и раскажа дека започнала да пие со цел да се соочи со својата физичка, но и психичка болка.

Вели дека пиела за да ја убие болката, Поради алкохолизмот, имала проблеми и со движењето, не можела да се фокусира, да се облече и сл…

Пред неколку години решила да го промени животот и признала дека влегла во деструктивен круг во кој се заплеткала. Со помош на пријателите и семејството сега таа се чувствува повторно добро.

„Најмногу ми помогна пилатесот. Го обожавам!“, изјави актерката која е свесна дека никогаш повеќе нема да изгледа како некогаш, порачувајќи им на фановите дека тоа е сурово, но сепак мораат да го прифатат.