Македонскиот репрезентативец придонесе во новиот триумф на Лидс против Њукасл (5:2) со првиот негов гол во Премиер лигата.

Езгјан Алиоски благодарение на неговите одлични перформанси се најде и во идеалниот тим на колото за периодот од 15-17 декември.

Нашиот играч има оценка 8,0, а во делот на одбраната се и В.Куфал 8,4 (Вест Хем), А. Вебстер 82, (Брајтон), Џ. Тарковски 7,7 (Барнли).

Најдобар голман беше Н. Поуп 8,4 од редовите на Барнли, во средниот ред М.Салах 8,2 (Ливерпул), И. Гундоган 8,0 (Манчестер сити), Д. Поденс 8,0 (Вулверхемптон) и М. Рашфорд 8,9 (Манчестер јунајтед).

Во нападот најдобро се покажаа Д. МекГолдрик (Шефилд јунајтед) кој има највисока оценка од сите 11 фудбалери 9,0, и Р. Фирмино 8,5 (Ливерпул).

Фото: Принтскрин/whoscored.com