Алек Болдвин продолжи да ја брани својата сопруга Хиларија откако многумина ја нападнаа поради наводното лажирање на нагласокот и потеклото.

62-годишниот актер објави цитат од Марк Твен на својот инстаграм – профил со кој ги сумираше своите чувства „Додека вистината да облече чевли, лагата ќе го прошета половина свет“.

На многумина од неговите обожаватели не им се допадна објавата бидејќи сметаат дека неговата сопруга, инструкторката по јога, се претставува како Шпанка иако всушност е родена во Бостон, каде се родени и нејзините родители.

Instagram
Instagram

„Како твојата сопруга „Шпанка“ која цел живот живее во Масачусетс“, му порача еден обожавател. „Претпоставувам дека нејзиниот нагласок е лажен! Измамничка!“

„Е*и се!“, одговори актерот.

Instagram
Instagram

Подоцна тој појасни дека неговата сопруга е родена во Бостон, но пораснала во Шпанија и дека ништо во животот не би успеала доколку го лажира сопствениот нагласок, за што всушност нема ни потреба.