Претседателот на Собраниет Талат Џафери и собраниска делегација положија цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред Собранието. Тој во честитката до граѓаните порача:
Илинден живее, се раѓа повторно и повторно, со секој нов ден, со секоја нова генерација на млади кои секојдневно се справуваат со нови предизвици, секој ден ги бијат своите лични и колективни битки за подобро утре, за поквалитетен живот, професионален развој и надградба и сигурна и безбедна иднина.Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија. Среќен празник!.
Џафери заедно со собраниска делегација положија цвеќе и пред споменикот на Методија Андонов Ченто.