Манекенката Адријана Лима повторно е заљубена, па така таа својот нов партнер го претстави на Инстаграм и предизвика поделени реакции во јавноста.
По разводот со Марко Јариќ, Лима беше во повеќегодишна врска со писателот Метин Хара, потоа во врска со турскиот бизнисмен Емир Ујар, а сега позираше со новото момче.
Лима, имено, објави неколку фотографии од прославата на роденденот на пријателка и во таа прилика покажа дека е прегрната на сите фотографии со своето ново момче во темно-сина кошула.
Кој е тој се уште е непознато, но по оваа објава папараците се веќе подготвени да го следат секој нивни чекор, па така наскоро очекуваме да дознаеме повеќе.