Нашата позната пејачка Аделина Тахири, на својот инстаграм – профил објави прекрасни фотографии направени во нејзиниот дом по повод 29 роденден кој го прослави вчера (4 април) со своето семејството.

Почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот пејачката се одлучи за интимна семејна прослава со нејзиниот сопруг, познатиот адвокат и бизнисмен Серјожа Марков.

Веруваме дека главен гостин за роденденската забави бил и прекрасниот Јон, синот на Аделина и Серјожа, кој веруваме му помогнал на својот татко во организирањето на роденденското изненадувањето.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Домот бил исполнет со многу балони, цвеќе, слатки и прекрасна роденденска торта.

Аделина го покажа и подарокот од култниот бренд за рачни часовници, препознатлив по луксузниот дизајн –  „Ролекс”, подарок од нејзиниот сопруг.