Словенија испраќа 16 противпожарни возила и 46 пожарникари кои треба да им се приклучат на македонските во гаснењето на пожарите. Ова го објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а словенечката реакција доаѓа еден ден по телефонскиот разговор со нејзиниот колега Матеј Тонин.
Претходно Србија испрати четири хеликоптери, Бугарија најави исто така помош која треба да приситгне.