Турските актери се познати по тоа што се големи заводници и имаат армија обожаватели.
Турските серии не само што ни станаа омилени во нашите домови, туку и турските актери станаа меѓу милениците на жените од регионот.
Припадничките на понежниот пол лудуваат по турските заводници, а во продолжение дознајте кои 15 мажи важат за најзгодни и најпосакувани.
1. Толгахан Саџишман
Ѕвездата од серијата „Црн бисер“ има 40 години и отсекогаш бил во топ форма, а со оглед на тоа дека во серијата „Шампион“ глумеше боксер и интензивно се подготвуваше за таа улога, навистина изгледа феноменално.
Толгахан беше обожаван од македонската публика и во серијата „Забранета љубов“ во која ја толкуваше главната улога, а интересно е и тоа што прв партнер на овој турски актер и модел беше регионалната ѕвезда Емина Јаховиќ, која тогаш ја имаше првата улога во серијата.
2. Шукру Озилдиз
Актерот и модел Шуку Озилдис (34) важи за голем заводник во својата татковина. Тој е висок 190 сантиметри и секогаш кога објавува фотографии на Инстаграм, обожавателите го опсипуваат со комплименти за неговиот изглед.
На домашната публика и е познат по улогата на (двајца) браќа во серијата „Повторно родени“ и во серијата „Заветот“.
Освен талентот за уметност, Озилдиз има и интересен моден стил, поради што често е рангиран меѓу најдобро облечените мажи во Турција.
3. Екин Мерт Дајмаз
Откако првпат се појави на телевизија во 2014 година, актерот и модел добива улога по улога и има армија од женски обожаватели.
Покрај тоа што постојано работи на нови проекти, тој студира кинезиологија во Истанбул. Тој сака да стане тренер и фитнес експерт.
4. Џан Јаман
Џан Јаман (32), кого многумина го нарекуваат „турскиот Џејсон Момоа“, е роден во Истанбул во 1989 година, а неговите корени се од Косово и Северна Македонија.
Важи за еден од најомилените турски актери во својата татковина, но и во светот.
Згодниот Јаман моментално живее во Италија, каде ја гради својата кариера, работејќи на неколку проекти, од кои еден е улога во римејкот на Сандокан, во кој ќе ја толкува главната улога. Јаман по професија е правник и во професијата работи неколку години.
Медиумите пишуваа за неговиот љубовен живот кога го освои срцето на најпознатата спортска новинарка во светот Дилета Леота, но таа врска не траеше.
Тој предизвика големо внимание при посетата на Грција, Шпанија, Италија и Србија кога дојде да ги промовира своите проекти.
5. Бурак Челик
Бурак локалната публика го памети од „Црна роза“, а моментално игра голем воин во раскошната историска серија „Осман“.
Кога во „Црна ружа“ се појави како 22-годишник, синоокиот Бурак веднаш стана нов секс симбол. Се занимава со разни спортови и е во одлична форма.
6. Алп Навруз
Тој е еден од најдобро платените турски актери и манекени, а кај нас се прослави со улогата во серијата „Фазилет и нејзините ќерки“.
Дипломирал турска литература и јазик, а од првото појавување на телевизија во 2016 година сними седум серии и еден филм. Денес тој избира што сака да прави.
7. Берк Атан
Уште еден прилично висок турски актер, 189 сантиметри, не е чудно што овој триесетгодишник покрај глумата добива и бројни ангажмани како модел за престижни брендови.
Со спорт се занимава од детството, како и целото семејство, а кариерата во фудбалот ја остави за глума и манекенство.
8. Чаглар Ертугрул
Синоокиот Чаглар ги освои срцата на публиката во серијата „Фазилет и нејзините ќерки“. Овој актер висок 188 сантиметри се одржува во топ форма со пливање и играње кошарка.
Покрај актерството, тој има и машинство, а го воодушеви и серијата за турската тајна служба „Тескилат“ во која моментално глуми.
9. Дениз Кан Акташ
Овој 28-годишник зад себе има десет успешни проекти, а најпознат е по улогата во серијата „Повикај го мојот агент“.
Пред да зачекори во светот на актерството, Акташ ги завршил студиите за бродоградба и машинство во Истанбул. Глуми и во театар, а последна улога му беше Ромео во „Ромео и Јулија“.
10. Енгин Акјурек
Омилен турски актер на многумина во Македонија, а обожаван во својата татковина. Тој глумеше во некои од најгледаните турски проекти како „Ќерката на амбасадорот“ и „Изгубена чест“.
Тој има многу строг режим на вежбање и тоа се покажува во неговата врвна форма. Дипломирал историја, пишува книги и се повеќе го интересира идејата за режија и пишување сценарија за серии.
11. Фуркан Андич
Нашите гледачи го паметат овој млад актер од почетокот на кариерата кога играше една од главните улоги во серијата „Ангели“.
Андиќ често работи како модел, па не е ни чудо што ја одржува врвната форма. Се занимава со разни спортови, редовно работи во теретана, но се занимава и со јога.
12. Ибрахим Челиккол
Љубител на сите спортови, од веслање до скијање, 40-годишниот актер е во врвна форма. Тој е познат по улогите во сериите „Ифет“ и „Милост“.
Челиккол редовно на социјалните мрежи ги покажува своите мускули, но и интензивната и напорна работа на нив. Само на Инстаграм го следат 2,3 милиони луѓе.
13. Керем Бурсин
Моментално најголемата турска ѕвезда надвор од својата татковина. Мускулестиот, русокос и светол актер, ѕвездата на летниот хит „Smells of Love“, се занимава со разни спортови, а тоа може да се види и по неговиот изглед.
Вежба секој ден, има разработена програма за работа во теретана и надвор од неа и посебен режим на исхрана.
14. Серкан Чајоглу
Овој актер со неодолива насмевка и уште понеодоливи мускули им е познат на страсните гледачи на турските серии како „Прстенот“. Роден е во Германија, каде ги завршил студиите по економија.
Сепак, тој со години работеше како модел, се појави во неколку спотови, а потоа реши целосно да се посвети на актерството.
15. Јигит Кирачи
Овој шармантен актер, вљубеник во спортовите на вода и опуштањето со музика, гледачите го запознале пред неколку години во улогата на Мерт во серијата „Војна на розите“.
Сега повторно се враќа на малите екрани во големиот хит „Измама“.
Студиите за маркетинг ги завршил, но кога сфатил дека тоа не е за него, се запишал на курс по глума и првата улога ја добил на 30 години.