Прочитајте во продолжение кои се најголемите раскинувања на славните ѕвезди во годината која беше одбележана со пандемијата на коронавирусот…
2020 година поради пандемијата на коронавирусот беше многу турбулентна и тешка. Карантините, стресот, грижата и стравот влијаеа на бројни парови, па токму поради тоа разводите зачестија, а овој тренд не ги одбегна ниту славните ѕвезди.
Ви ги претставуваме најпознатите раскинувања и разводи кои ја одбележаа оваа година.
Џенифер Гарнер и Џон Милер ѝ ставија крај на својата 2-годишна врска.
Бред Пит и Никол Потуралски ја раскинаа својата врска која и онака многу кратко траеше.
Кејт Бексинсејл и Џуди Грејс и ставија крај на 9-месечната врска.
Скот Дисик и Софија Ричи раскинаа по три години врска.
Меган Фокс и Брајан Остин Грин му ставија точка на 10-годишниот брак и 16-те години поминати заедно.
Мајли Сајрус и Коди Симпсон ја завршија едногодишната романса.
Памела Андерсон и Џон Питерс му ставија крај на фамозниот брак кој траеше само 12 дена.