Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде се делеа Бадниковите гранчиња, симбол на животот, мирот и новиот почеток.
„Им честитам на овогодинешниот кум Зоран Контраденко и на здравичарот Јаков Дренковски, со искрени желби за многу здравје, среќа, благосостојба и радост во нивните домови.
Нека овој свет празник нè обедини сите, да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, и заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање“, порача Ѓорѓиевски.
Текстот (Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање е превземен од МАКФАКС.























