Во рамки на локалниот економско социјален совет (ЛЕСС) Куманово, формирана е комисијата за женско претприемништво, соопштија денеска од телото. Работното тело, како што информираат од локалниот економско-социјален совет го сочинуваат 15 претставнички од бизнис заедницата. За претседателка е избрана Наташа Денковска Бојковски, директорка на „Бучен Козјак“, Куманово.

Жените претприемачки на состанокот ги потенцирале проблемите со кои се соочува бизнис заедницата од Куманово, недостаток на работна сила, недоволна информираност и незаинтересираност за стручна обука кај младата популација и жителите од рурални подрачја, несоодветни инвестиции, неискористени природни богатства.
-Во таа насока ентузијастите, членки на комисијата ги насочија и предлог активностите кои би ја подобриле економската клима на оваа подрачје, односно предложија конкретни задачи и цели, кои ќе бидат опфатени со програмата која ќе биде изготвена во најблиска иднина, велат од телото.

Комисија за женско претприемништво е формирана во соработка со членови од општинските тела ЛЕСС, локален економски развој, претставници од НПЖС, од Агенцијата за вработување, приватниот бизнис сектор и со поддршка на претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска,

Иницијатива за оваа Комисија потекнува од потпишаната Декларација помеѓу Куманово и Националната Платформа за женско претприемништво.