Шест тимови од Англија, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем, се согласија да се приклучат на новото натпреварување, покрај Милан, Интер, Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
-Основачките клубови договорија формирање на ново натпреварување што би се играло среде недела, при што тие би продолжиле да играат во своите домашни првенства. Премиерната сезона би почнала што е можно побрзо и очекуваме уште три клуба да се приклучат“, се вели во соопштението на Европската супер лига.
Новата лига би имала 20 членови, при што уште пет екипи би се квалификувале годишно врз основа на резултатите во домашните првенства.
Но, Суперлигата предизвика земјотес.
Според соопштението на УЕФА, клубовите кои ќе се приклучат на Суперлигата ќе бидат исфрлени од сите домашни и европски натпреварувања, а нивните играчи нема да можат да играат за национални тимови.
На страната на УЕФА е ФИФА и елитните лиги и сојузи на Англија, Шпанија и Италија, земјите од каде доаѓаат бунтовниците.
Со формирањето на Суперлигата, УЕФА автоматски ги суспендираше 12. клубови учесници од сите европски натпреварувања.
Кога се најсилните клубови во прашање лојалност на УЕФА изразија само ПСЖ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Токму тие клубови би биле први фаворити наредната сезона во Лигата на шампионите, ако ситуацијата остане ваква каква што е. Треба да се спомене дека „милионерите“ не се сигурни затоа што се петти во Бундеслигата.
Според сегашниот распоред и суспензиите за најсилните Лигата на шампионите од наредната сезона би била далеку помалку атрактивна.
Од Премиер лигата место би добиле Лестер, Вест Хем, Евертон и Лидс. Од Серија А, Аталанта, Наполи, Лацио и Рома, а од Шпанија Севиља, Виљареал, Бетис и Реал Сосиедад.