„„Фондацијата „Бугарска памет“ и д-р Милен Врабевски донираа вкупно 25 печки на две училишта во албанскиот планински регион Гора, општина Кукс. 12 од нив пристигнаа во училиштето „Шиштавец“ во село Шиштавец, кое годинава слави 100 години од формирањето, а останатите 13 веќе се во училиштето „Имер Мата“ во село Запод“, јавуваат од фондацијата „Бугарска памет“, пренесува Трибуна.
„Благодарение на донацијата на печките, децата од двете училишта ќе учат на топло во текот на претстојната зима.
Податоците од националниот попис во Албанија во 2023 година покажуваат дека најголем број Бугари живеат во општина Кукс во споредба со сите други општини во Албанија“, соопштија на социјалната мрежа facebook од фондацијата „Бугарска памет“.