„Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, согласно програмските начела, ги промовира, афирмира и унапредува своите ставови и во делот на едукацијата на млади, врз основа на кои, меѓу другото, започна соработка и со Филозофскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, за поддршка на програмата за втор циклус студии за младинаска работа на овој факултет“, истакнуваат од Фондацијата.
Оттаму нагласуваат дека „како резултат на таквата соработка, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ одобри финансиска поддршка од 2.000 евра (во денарска противвредност), со која партиципира во севкупниот буџет за стипендирање на пет студенти кои се дел од циклусот студии за младинска работа“.
„Таквата поддршка е уште еден наш скромен влог во унапредувањето на образованието и развојот на младите, а со тоа и во нивната вклученост во развојот на единиците на локалната самоуправа, зедницата и општеството.