Фондацијата Единство од Кочани која е дел од организаторите на донирањето крв за хоспитализираните пациенти од пожарот во Кочани, во болницата Пирогов во Софија, со отворено писмо им се заблагодарија на сите што донираа и ќе донираат крв за настраданите, јавува Трибуна.
Ви го пренесуваме нивното обраќање во целост и без уредничка интервенција:
Почитувани студенти, граѓани, приjатели…..
Со ова писмо, сакаме да ви се заблагодариме од срце за вашата хуманост и голема поддршка во акцијата за давање крв за децата од гр. Кочани. Вашето учество во оваа важна и емотивна акција е знак на солидарност и грижа за најмладите, кои навистина имаат потреба од нашата помош.
Вашата одлучност да се вклучите и дарувате крв, особено во услови кога најмногу е потребно, е од незаменлива вредност. Овој акт на хуманост ќе им помогне на многу деца да ја продолжат својата борба за живот и да добијат шанса за подобра иднина.
Вие сте пример за тоа како заедно можеме да направиме разлика. Со ваша помош, животите на многу мали срца ќе бидат спасени и ќе имаат шанса за подобра утре. Ви благодариме за вашата пожртвуваност и искрена љубов што ја покажавте преку овој акт.
Со благодарност,
Български Червен кръст (Bulgarian Red Cross)
Фондациjа Единство- град Кочани, Македонија.
Кампањата за дарување на крв продолжува до крајот на неделата од 9 до 14 часот на паркингот на болницата Пирогов, информираат од Фондација Единство.