Во периодот од 6 до 12 април 2025 година, Фондацијата „Бугарска Памет“ организира младинска размена на тема „Вештини и професии на иднината“. Оваа иницијатива се реализира во рамките на проектот бр. 2024-1-BG01-KA151-YOU-000201546, кој е кофинансиран преку програмата „Еразмус+“, јавуваат од Фондацијата, пренесува Трибуна.

Проектот e наменет за млади луѓе на возраст од 15 до 24 години од Република Северна Македонија и Република Бугарија, со цел преку методите на неформалното учење да се надградат нивните знаења во клучни области, како што се дигитална писменост, критичко размислување, решавање проблеми, креативност, комуникациски вештини, емоционална интелигенција, адаптабилност и управување со проекти. Тема со посебно значење, земајќи предвид брзите трансформации на пазарот на трудот и значењето на новите технологии.

Сесиите вклучуваа интерактивни активности, како што беше играта „Загадочна професија“, каде учесниците работеа во групи за да откријат професии со помош на насоки. Дополнително, Живко Костуров од тимот на Фондацијата ги информираше присутните за можностите што ги нуди програмата „Еразмус+“ за личен и професионален развој преку учење во текот на целиот живот.
Вториот ден од обуката започна со предавање од Јасен Георгиев, извршен директор на Институтот за економска политика, кој ги советуваше младите за важноста на континуираното учење и подготовката за иднината. Во рамките на неговата сесија, учесниците развиваа идеи за „професии на иднината“ и ги презентираа пред останатите.

Оваа размена продолжува и во следните денови со разни интерактивни активности, предавања од експерти и дискусии со претставници од академската заедница и бизнис секторот, обезбедувајќи практични и теоретски насоки за успешен личен и професионален развој на младите.