Вселенскиот партијарх сака да посредува за решавање на конфликтот меѓу Српската православна црква (СПЦ) и Македонската православна црква (МПЦ), кои трае повеќе од 50 години, се вели во анализа на германската фондација „Конрад Аденауер“, во која се истакнува дека за суштинско надминување на судирот потребни се други посредници.

„Судирот меѓу СПЦ и МПЦ, сепак не е резултат на распадот на Југославија. Создаден е на крајот на 1960-те и е дел од наследството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Социјалистичка Република Македонија“ стои во анализита.

Авторот, д-р Отмар Еринг, координатор на Фондацијата за меѓународен верски дијалог потсетува дека Охридската архиепископија во 1920 година со томос од Вселенската партријаршија, за кој биле платени два милиони златници франци, потпаѓа под надлежност на Српската православна црква.

За време на Втората светска војна, територијата повторно беше под јурисдикција на Бугарија, сојузник на Силите на оската, а потоа на власт во Југославија и во Македонија дојдоа комунистите. Авторот детално го опишува нивниот став кон православната црква преку поглавја под наслови како „Создавање нација и желба за самостојна православна црква“ или „Социјалистичка Југославија како бабица при раѓањето на Македонската православна црква“.

Во 1967 година, на 200-годишнината од укинувањето на автокефалноста, Охридската архиепископија прогласи автокефалност. Српската православна црква тоа не го признава  и тој раскол продолжува до денес.

Иако во октомври 2020 година, вселенскиот патријарх одби да ја потврди автокефалноста на Македонската православна црква, коментирајќи дека не станува збор „за автокефалност“, туку за „лекување на расколот“, Вартоломеј сепак се понуди да посредува. Тој предложи претставниците на СПЦ  и МПЦ да се состанат во Белград, што Македонската црква го одби, наведувајќи дека тие не се чувствуваат безбедно таму.

Васеленскиот патријарх тогаш ги покани двете страни на состанок во Истанбул, но во меѓувреме, на 20 ноември 2020 година, почина патријархот на СПЦ Иринеј, така што состанокот не може да се одржи до изборот на новиот поглавар на СПЦ.

Изборот на нов патријарх на СПЦ на 18 февруари 2021 година, несомнено ќе има големо значење и за внатрешната и за надворешната политика, се оценува во анализата на германската фондација.

„За внатрешната политика, важно прашање е дали во иднина, СПЦ ќе има патријарх кој ќе го поддржува националистичкиот курс на претседателот на Србија или тој ќе се движи во друга насока, можеби дури и да демонстрира независност во внатрешната политика и да се покаже како модернизатор на СПЦ. Што се однесува до односите со соседите, изборот на нов патријарх ќе биде исто така многу важен за продолжување на дијалогот и, во идеален случај, решавање на конфликтот меѓу СПЦ и МПЦ“, се неведува во анализата.