Војната на Путин е одлучувачки момент за Европа, изјави претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ во Версај.
– На овој самит ќе ја преиспитаме европската одбрана. Повторно ќе размислиме за енергијата. Треба да се ослободиме од нашата зависност од руските фосилни горива, а за тоа ни се потребни големи инвестиции во обновливите извори на енергија. Тоа е исто така стратешка инвестиција во нашата безбедност и независност, додаде таа.
– Исто така, сигурно ќе зборуваме за Украина како дел од нашето европско семејство. Сакаме слободна и демократска Украина со која делиме заедничка судбина“, истакна таа.