Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен кон крајот на месецот треба да допатува во официјална посета на Скопје.
Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски, а го потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир. Посетата на Фон дер Лајен е во контекст на уставните измени и на заедничкиот прогрес на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ.
Последните пораки на францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана навестуваат дека во декември може да има разделување на пакетот Скопје – Тирана, додека Гир денеска уверуваше дека Македонија ужива голема поддршка како од европските институции, така и од самите земји-членки на Европската Унија.