Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен денеска отпатува во Унгарија за да се сретне со премиерот Виктор Орбан, кој ги проблематизира плановите на Брисел за ембарго на руската нафта.
– Тие ќе разговараат за прашања поврзани со европската безбедност на снабдувањето со енергија, рече Ерик Мамер, портпаролот на Фон дер Лајен.
Унгарија се потпира на руската нафта од еден нафтовод и Орбан предупреди дека не може да го одобри предложениот шести пакет санкции на Европската комисија против Москва. Тој рече дека предлогот на Европската Комисија за забрана на увозот на руска нафта ќе биде „атомска бомба“ фрлена врз унгарската економија, додавајќи дека Унгарија е подготвена да преговара доколку види нов предлог што ќе биде во согласност со унгарските интереси.