Претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен предмалку твитна дека имала добар телефонски разговор со Димитар Ковачевски и добила добри вести.

-Добрите вести се дека Северна Македонија и Бугарија го поддржуваат францускиот предлог и се блиску до договор кој ги зема предвид нивните интереси и грижи. Европската комисија е подготвена да го започне процесот за скрининг за Северна Македонија и Албанија, нивниот следен чекор на патот кон ЕУ.