Фон дер Лајен го осуди Владимир Путин дека ја „врати војната во Европа“. „Ова е меѓу најмрачните часови на Европа од Втората светска војна“, рече Жозеп Борел. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, говорејќи во Брисел, го осуди Владимир Путин дека ја „врати војната во Европа“.
На заедничка прес-конференција со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, таа најави дека подоцна ќе биде предложен пакет „огромни“ санкции во обид да се ослабне економската база на Русија и нејзиниот „капацитет за модернизација“.
„Ова е меѓу најтемните часови на Европа од Втората светска војна“, порача нејзиниот колега Жозеп Борел.
„ЕУ ќе одговори најсилно и ќе се договори за најстрогиот пакет санкции што некогаш сме ги имплементирале. Претседателот Путин треба да ја запре оваа бесмислена агресија. Ние стоиме со Украина“, порача Борел.