Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека вакцинирањето во ЕУ се забрзува и оти останува целта да се имунизираат најмалку 70 проценти од населението до крајот на летото.

Во својот говор пред Европскиот парламент, Лајен предупреди на претстојната борба против новите видови на вирусот Ковид19 и истакна дека Западен Балкан е исклучен од механизмот на ЕУ за транспарентност и одобрување на извозот на вакцини.

– Advertisement –

– На сите ни треба предвидливост кога станува збор за испорака на вакцини. Затоа е воведен механизам за транспарентност и овластување на извозот. Немаме намера да ги ограничуваме компаниите што ги почитуваат нивните договори со ЕУ и ограничувањата на извозот во земјите од Западен Балкан, во нашето соседство, за хуманитарни потреби и во 92 земји од мал и среден приход од инструментот Ковакс автоматски се изземаат – рече фон дер Лајен.

Прикажи повеќе