Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги оцени како воени злосторства руските напади на цивилната инфраструктура во Украина, особено на електричната.
Енергетската и друга клучна инфраструктура во повеќе региони на Украина, меѓу кои и главниот град на земјата Киев, деновиве е цел на руски напади со ракети и беспилотни летала „камикаѕи“.
„Руските напади на цивилната инфраструктура, особено на електричната, се воени злосторства. Лишувањето на мажи, жени, деца од снабдување со вода, електрична енергија и греење во пресрет на зимата – ова се акти на чист терор. И ние мораме да ги наречеме со тоа име“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Russia’s attacks against civilian infrastructure, especially electricity, are war crimes.
Cutting off men, women, children of water, electricity and heating with winter coming – these are acts of pure terror.
And we have to call it as such. https://t.co/3WY743k1iH
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 19, 2022