Претседателката на Европската Комиисја, Урсула фон дер Лајен, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев потврдила дека поддржува формален почеток на преговорите со Северна Македонија што поскоро и решавање на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Зоран Заев утрово оствари средба со шефицата на европската извршна власт како и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во Брисел, каде престојува два дена во пресрет на јунските Совети на ЕУ на кои треба земјите членки на ЕУ да одлучат за одржување на првата Меѓувладина конференција, односно формалното отпочнување на преговорите, со Скопје и Тирана.
Македонскиот премиер за МИА изјави дека на Фон дер Лајен и повторил дека Северна Македонија нема намера да прифати почеток на преговорите по цена на македонскиот идентитет и јазик.