Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер соопшти дека од ЕУ за Северна Македонија ќе бидат доставени 119 илјади дози вакцини.
– Ние сме покрај нашите партнери од Западниот Балкан, како што му кажав на Зоран Заев, 119.000 дози вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно, наведе Фон дер Лејен во објавата на Твитер.
Овие вакцини практично се од Австрија и Европската комисија, кои до август ќе им испорача 651.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ на шесте земји од Западен Балкан. Ова е дел од шемата на Европската Унија да им се помогне на соседните држави и Африка. БиХ ќе добие најголем дел – 214.000 дози, додека на Македонија ќе ѝ припаднат 119.000.
Ние сме покрај нашите партнери во Западен Балкан, како што му реков на @Zoran_Zaev.
119.000 дози на вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај и до крајот на август. 🇲🇰
Во ова сме заедно.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) April 20, 2021