Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави Бугарија за позитивниот конвергентен извештај на ЕК и нејзиниот напредок кон еврозоната, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
„Благодарение на еврото, бугарската економија ќе стане посилна – со повеќе трговија, странски инвестиции, пристап до финансирање, подобри работни места и повисоки реални приходи. Бугарија ќе го заземе заслуженото место во срцето на еврозоната“, изјави таа.
Според неа, еврото е „опиплив симбол на европската сила и единство“, а Бугарија е чекор поблиску до неговото усвојување.