Им благодарам на Бугарија и Романија за добрите практики во областа на азилот и миграцијата, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во своето годишно обраќање за состојбата на Унијата во Стразбур јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Двете земји се дел од Шенген пространството. Да ги примиме Бугарија и Романија во Шенген зоната без понатамошно одлагање“, инсистираше таа пред европратениците во Стразбур.

Порано денеска бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел ќе го проследи обраќањето на фон дер Лајен во Стразбур а потоа ќе се сретне со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Хаџивасилио-Цовили, генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и претседателката на Европскиот суд за човекови права, Шијфра О’Лири.