Отворањето на првиот преговарачки кластер за Северна Македонија е поврзано со уставните измени, со кои земјата се ангажирала. Ова го изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, јави репортерот на БГНЕС, пренесува Трибуна.

„Имаме многу јасна цел, а тоа е што поскоро да го отвориме првиот кластер за преговори. Се надевам дека сите политички сили во земјата ќе се здружат за да го направиме овој одлучувачки чекор напред. Сигурна сум дека можеме да ги надминеме препреките“, рече Фон дер Лајен.

Железничкиот коридор 8 е многу важен проект што ќе ве поврзе со Албанија и Бугарија“, нагласи претседателката на ЕК.

Иако на заедничката прес-конференција конкретно беше запрашан дали со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен го споделил неговиот предлог „уставните измени“ да се одложат, Мицкоски во одговорот не ја ни споменува својата идеја, која секојдневно ја повторува и тврди дека има поддршка од „големите земји во Европа“.