Во тек е третото издание на пролетниот музички фестивал „Фолклор со пријатели“ во организација на Општина Сандански, Општинска заедница – с. Струма и НУ „Никола Вапцаров 2005“. Годинава на оваа шарена фолклорна средба ќе настапат повеќе од 700 учесници, јавува Трибуна.
Фестивалот се одржува на плоштадот во село Струма, а на истиот ќе се претстават самостојни ансамбли од цела Бугарија, а исто така и ансамбли од Република Северна Македонија.
Специјален гостин е народниот пејач Никола Тодоров.