Некогашните блиски соработници Зијадин Села и Арбен Таравари, кои преку ноќ станаа лути противници, што предизвика раскол во Алијанса за Албанците, имале тет-а-тет средба после внатрепартиските превирања, на која разговарале за поделба на дел од партискиот имот, неофицијлно пренесува „Фокус“ повикувајќи се на свои партиски извори.

Според високи партиски извори, двајцата се договориле Села да ги задржи партиските возила и средствата на сметка, додека дошло до поделба на штабовите, така што партискиот штаб во Скопје му припаднал на Села, а штабот во Тетово на Таравари.

Она за што немало договор е кому да ми припадне партискиот печат и бренд, што ќе зависи од правната разврска која веќе е покрената во тетовскиот суд, откако двете страни одржаа паралелни седници на Централното собрание и на Конгресот, тврдејќи дека го имаат легитимитетот и легалитетот.