Јасминка Ангелова, сопруга на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов од Министерството за внатрешни работи, каде што беше вработена, била трансферирана во Агенцијата за разузнавање, дознава „Фокус“.

Од Фокус наведуваат дека Ангелова во МВР била на функцијата државен советник во кабинет на држaвниот секретар.

Од таму стигнала потврда дека Ангелова веќе не во МВР, а колегите од Фокус биле упатени во Агенцијата за разузнавање за да добијат одговор на прашањето со какви квалификации е префрлена во Агенцијата.

Директорот на Агенцијата, Еролд Муслиу од своја страна изјавил дека не може да одговори на прашања поврзани со кадровскиот состав на институциите од безбедносниот сектор на РС Македонија.