Во новоформираниот стратешки тим на СДСМ, партискиот лидер Димитар Ковачевски на една маса ги седна Зоран Заев, Миле Зечевиќ, Оливер Спасовски, во време на бројни информации и тврдења за крупни разлики и несогласувања во СДСМ, пред се меѓу сегашното и поранешното партиско раководство, објави Фокус.
По стратешкиот тим, според информации на „Фокус“, следната недела треба да се формира уште еден партиски тим, кој ќе биде задолжен за подготвување на партиска програма со која социјалдемократите ќе настапат на следните избори.
Во овој тим ќе биде поранешната партиска претседателка Радмила Шекеринска, заедно со неколку функционери од актуелното раководство – Сања Лукаревска, Стефан Богоев, Андреј Петров, Фатмир Битиќи.
Целата вест на Фокус.мк