Градежната фирма „Еуровиа“ од Желино го доби тендерот за преадаптација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за министерската конференција на ОБСЕ која ќе се одржи во Скопје. Договорот е склучен на 21 август, а работниците веќе започнаа да работат во „Борис Трајковски“, јавува Фокус.
Тендерот е во вредност од 1,8 милиони евра, a според документацијата, предмет на тендерот е „Набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во функција на одржување на Конференцијата на Министерскиот совет во рамки на претседавањето на Република Северна Mакедонија со ОБСЕ, во декември 2023 година“.
Јавната набавка е спороведена како отворена постапка без електронска аукција, а единствен критериум била најниската цена. На тендерот се пријавиле вкупно четири компании и избрана била „Еуровиа“ на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми, но и фирма која лани, заедно со нејзиниот сопственик, беше најголем донатор на ДУИ.
Целиот напис прочитајте го во Фокус.