Под наслов „Аудиоснимките што го загрижија Трајче Заев: Не ја издавајте книгата!“, албанската телевизија „Ора њуз“ објави прилог во кој се споменува братучедот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, пренесува Фокус.

Телевизијата објави дека лице што ќе биде заштитено од правдата поседува неколку аудиоснимки, кои покажуваат дека високи функционери во Македонија директно интервенирале за да саботираат операција за битка против шверц со наркотици преземена од странски агенции, се вели во текстот на Фокус.

На аудиоснимките наводно имало имиња од коалицијата СДСМ-ДУИ, но и познати имиња на „сините униформи“.

Целиот текст на Фокус