Пејачката „FKA twigs“ која неодамна го обвини нејзиниот поранешен партнер за сексуално злоставување, навреди и нанесување на емоционална вознемиреност за време на нивната едногодишна врска, изјави дека сè уште не може да закрепне.

Таа изјави дека актерот Шаја ЛаБоф ѝ забранил да гледа во очи други мажи и ја изолирал од пријателите и семејството. Ѕвездата почнала да има многу негативно мислење за себе, а сè, како што тврди, благодарение на неговите манипулации.

Instagram
Instagram

Откако британската пејачка ја изнесе во јавноста својата трагична приказна, веста, се разбира, веднаш стана главна тема во Холивуд и низ целиот свет.

Наскоро потоа и поп ѕвездата Сиа го сподели своето негативно искуство со проблематичниот актер, и ја пофали својата колешка за нејзината храброст.

Profimedia
Profimedia

Во интервју со Луис Теру за неговиот подкаст „Grounded“ на „Би-Би-Си Радио 4“, „FKA twigs“ раскажа дека сè уште се бори со траумите кои ги преживеала и дека во тој период сметала дека е невидлива за луѓето. Особено откако во една прилика никој не ѝ помогнал на бензинска пумпа кога за време на жестока расправија, актерот започнал да ја дави со рацете.

Instagram
Instagram

Му пречеше ако сум љубезна кон некој келнер или кон кој било маж. Веднаш мислеше дека флертувам со таа личност и дека сакам да стапам во некаква врска со неа, но јас бев само љубезна. Постојано ми велеше дека сум знаела каков е кога сме се запознале и дека, ако го сакам, не би требало да ги гледам мажите во очи. Значи, тоа беше моето секојдневие добри четири месеци пред крајот на нашата врска. Ме будеше среде ноќ и почнуваше да ме обвинува за разни работи. На пример, дека размислувам за начини како да го оставам, ме обвинуваше дека сакам да бидам со некој друг и така натаму. Тоа секогаш се одвиваше помеѓу четири и седум часот наутро. Поради неговата злоупотреба, страдам од посстрауматско стресно растројство“, вели „FKA twigs“.

Instagram
Instagram

Соочен со обвинувањата, ЛаБоф неодамна реагираше во јавноста.

Немам изговори за мојот алкохолизам или агресија, туку само рационализации. Со години се злоставував себе и сите околу мене. Имам историја со повредување на најблиските луѓе. Се срамам од тоа и жалам за оние што сум ги повредил. Навистина не можам ништо друго да кажам“, изјави актерот.

Шаја ЛаБоф обвинет за сексуално и психичко злоставување