Несогласувањата меѓу членството во Алијанса за Албанците ескалира во физички пресметки.
Приврзаниците на Арбен Травари по вчерашната прес-конференција на која поранешниот претседател на партијата, Зијадин Села најави разрешување на Тараври од функцијата претседател, физички бил нападнат Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот, од страна на Кенар Османи, близок соработник и подржувач на Арбен Таравари и водач на балистите, пишува Клан.
Тој за медиумот потврдил дека имало физичка пресметка во Тетово.
Небиу претходно застана против едностраната одлука на Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција.























