Aкадемик Таки Фити вели дека реформата на основното образование треба да почне со радикално преиспитување на наставните содржини по одделни предмети, од кои треба да се исфрли се што е несуштинско и да се фокусираат на битните, трајните работи.
„Не можеме да ги отфрлиме фактите. Учениците мора да знаат факти, бидејќи науката се гради со факти, но тоа не е куп на факти, туку факти коишто се меѓу себе поврзани, причинско-последичните врски, критичко размислување во логична и конзистентна целина. Без тоа не можеме“, изјави , академик Фити пос средбата со министерката за образование, Милка Царовска.
Тој откри дека сите се согласиле дека реформите во основното образование се императив и не треба да се губи време.
„Реформите не смеат да се одложуваат затоа што многу лошо стоиме и во поглед на длабочината на знаењата и во поглед на опсегот, значи и во поглед на квантитетот и квалитетот на знаења на нашите основци, споредени со оние на нивните врсници во високоразвиените земји“, тврди Фити.