Владата да намали со трошење, сега не е време за купување на автомобили, мебел и останати непродуктивни трошење. Академик Таки Фити со препораки до властите покрај намалување на владиното трошење да се размислува и некој од даноците благо да се зголемат за да може државата да ја избегне опасноста од финансиска нестабилност. Во следниот период внимателно треба да се следи јавниот долг кој веќе надмина над 60 отсто.

Advertisements

„Финансиска консолидација може да се направи со кратење на владината потрошувачка особено непродуктивната еве сега како што се згради, мебел, автомобили, репрезентации и т.н или со евентуaлно зголемување на даноците. Јас велам блага прогресија не смее даночното оптоварување во Македонија толку многу да се зголеми мора да се води сметка и за данoчните стапки во нaшето опкружување“, рече Таки Фити, Академик.

Министерот за финансии Фатмир Бесими потенцираше дека стратегија за реформа на даноците има но не откри дали и за кој даноци ќе има зголемување.

„Веќе имаме усвоено стратегија од страна на Владата за реформи во даночниот систем за кои се започнати јавни расправи, за правичност и ефикаснот на даночниот систем во прибирање на приходите како и за зголемување на транспарентноста и квалитетот“, изјави Бесими.

На првата научна конференција академиците и научни работници ќе му предложат на Бесими препораки и совети како да се менаџира пост-ковид кризата за да може да следи побрзо закрепнување на економијата.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе