Фирмата „Дивелоп Груп ДОО Скопје“, компанија во чија сопственост е хотел „Мериот“ , има долг од нешто над два милиони евра односно 128, 5 милиони денари за ДДВ и данок на добивка, објави А1он.мк

Според А1он.мк „Дивелоп Груп„“ е во сопственост на „Бест Веј“ фирма на синот на Сашо Мијалков, Јордан, како и на Александар Ивановски познат како Алек Теранова.

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници на која се најдоа 5.105 фирми и граѓани кои имаат доспеани долгови до 31 јули, а не ги платиле до 31 октомври. Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Целата вест на А1он.мк