РЕК Битола урива рекорди по вредноста на тендерите за ископ. Овој пат станува збор за највредниот тендер за ископ на јаловина (не и јаглен) со рекордна вредност во последните 15 години (за кои има официјални податоци), пишува Фактор.мк

Како што пишува овој портал, тендерот воедно е и највредната јавна набавка што ја распишал ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) во последните 10 години!

Битолската градежна фирма „Марковски компани“ го доби најголемиот тендер што го распиша РЕК Битола (најголемата подружница на државниот производител на струја) во последниве 10 години. Станува збор за договор со кој РЕК Битола бара компанија која ќе има капацитет за да ископа до 4 милиони кубни метри јаловина од јагленовите рудници на најголемиот производител на струја во Македонија.

Според достапни официјални податоци „Марковски компани“ е приватна битолска градежна компанија основана пред 20 година, во 2003 година.

Сопственик на ова друштво кое вработува над 300 лица е битолчанецот Борче Марковски.Во јавноста е присутна информација дека Борче Марковски е почесен конзул на Белорусија во Македонија. Минатата година „Марковски компани“ имало вкупен приход од 30 милиони евра, а завршило со добивка од 6,65 милиони евра.

Целата вест на Фактор.мк