Финската Влада предложи целосно затворање во пет градови, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според предлогот, на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само поради ограничен број причини, како што е набавка на храна, а кршењето на мерките ќе се казнува.
Заклучувањето, кое би било прво во Финска од почетокот на пандемијата, ќе биде изгласано во парламентот, а треба да го процени Комитетот за уставно право. На почетокот на овој месец, Владата ги затвори ресторани и средните училишта низ целата земја.