Составот на новата влада е пред финален договор. Според информации од работните групи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат министри во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за надворешни работи, за земјоделствo шумарство и водостопанство, за локална самоуправа, за одбрана, за енергетика, за политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање, а министерот што ќе управува со него во исто време ќе биде и вицепремиер. Кадри на коалицијата Вреди ќе раководат со Министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со Министерството за економија и труд, со Секторот евроинтеграции, како и со уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на коалицијата Вреди.

Според информациите од работните групи, и преговорите со ЗНАМ финишираат. Тие, се очекува да добијат две министерства и тоа Министерство за правда и новото Министерство за администрација.

Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада, посочуваат партиски извори.