Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ.
Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на “Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352 денари.
Со намера да ги прикрие инкриминираните активности пријавениот не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2021 година. 2022 година и 2023 година, до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Северна Македонија со што не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 12.079.019 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.