Истражители на Управата за финансиска полиција и инспектори од МВР по допрен глас во текот на денот влегле во канцелариите на ЈП „Водовод и канализација“. Нивната акција доаѓа по тврдењата од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за сомнителен тендер за изградба на пречистителна станица на отпадните води кои се влеваат во реката Вардар.

Еваулацијата на  понудите на тендерот и покрај „чешлањето“ на документацијата не е доведена во прашање, изјави новиот директор на јавното претпријатие Марјанчо Митовски, а дека започнала истрагата, потврди и градоначалничката.

Откако ќе се собере целата документација, ќе биде предадена на Обвинителството, кое ќе утврдува дали имало некакви злоупотреби.