Во недела, на 11-ти јули Англија и Италија ќе го одиграат финалето на ЕУРО 2020. Сепак, на „Вембли“ нема да има италијански навивачи. Велика Британија забрати такво нешто, поради како што велат спречување на евентуално ширење на коронавирусот.
Британскиот министер за сообраќај Грант Шапс изјави дека навивачите на Италија не смеат да одат во Лондон поради безбедносни причини.
-Тешко е да се организираат групи кои доаѓаат на еден ден или два. Тоа се стотици летови, тешко е да се контролира сето тоа, особено во денешно време кога светот се наоѓа во криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот. Навивачите кои на сопствен ризик ќе се одлучат да дојат, ќе бидат вратени од аеродромот, вели Шапс.
Италија ќе има поддршка од трибините само од оние навивачи кои имале продолжен претстој во Лондон по полуфиналето со Шпанија.